Browsing: Четврт-финале

По поразот во Лисабон со 2:4, бундеслигашот славеше на домашен терен со 2:0 и се придружи на Челзи, на Валенсија и на Арсенал во големата четворка. Филип Костиќ во 37. минута и Себастијан Роде во 67. минута беа стрелци за тимот од Франкфурт кој во полуфиналето го очекува двомеч со Челзи

„Граѓаните“ победија со 4:3 против „спарси“ во реванш четвртфиналниот меч во Лигата на шампиони, но екипата од Лондон продолжува во полуфинале благодарние на минималниот триумф во првата средба. Ливерпул и на „Драгао“ го совлада Порто со 4:1 и се потврди како дел од најдобрата четворка во ЛШ и во оваа сезона. „Црвените“ од „Енфилд“ ќе играат со Барселона за место во големото финале на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид, а Тотенхем ќе игра двомеч со Ајакс

„Копјаниците“ од Амстердам го совладаа Јувентус во Торино со 2:1 и се пласираа меѓу најдобрите четири во елитното натпреварување на УЕФА. Противник на Ајакс во полуфиналниот двомеч ќе биде подобриот од дуелите меѓу Манчестер сити и Тотенхем. По минималниот триумф на Барселона на „Олд Трафорд“ во првиот меч, Каталонците победија и во реваншот на „Камп Ноу“ со 3:0

„Црвените“ на стадионот „Енфилд“ го поразија португалскиот состав со 2:0 со головите на Кеита во петтата минута и на Фирмињо во 26., „спарси“, пак, со 1:0 ги совладаа „граѓаните“ на Пеп Гвардиола. Единствениот гол на „Вајт Харт Лејн“ беше дело на Сон во 78. минута, Агеро промаши пенал во 13. минута за гостите од „Етихад“

Притоа се познатите и термините за кои интервенираше Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) за избегнување на Јунајтед и Сити да играат во иста вечер или една по друга во Манчестер

„Кралевите“ и во реванш четвртфиналниот дуел ја поразија Џирона со 3:1 (првиот меч го добија со 4:2) и се придружија на Барселона, на Валенсија и на Бетис во борбата за титула. Францускиот напаѓач со двата гола изби на чело на вечната листа на стрелци на тимот од „Бернабеу“