Browsing: Дневен биланс

Починатото лице е 80 годишен пациент од Скопје кој ја загуби битката со вирусот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби каде беше примен на 21 април. Во изминатите 24 часа се потврдени 26 заболени лица со ковид-19 во земјата и тоа во Скопје – 11, Куманово – 2, Тетово – 3, Струга – 6, Битола – 1, Гостивар – 1, Виница – 1 и Неготино – 1

Смртниот случај е регистриран во ГОБ „8 септември“ кај лице од Скопје на возраст од 51 година, кој бил примен во болницата на 9 април во тешка состојба и веднаш поставен на респираторна машина

Смртниот случај е регистриран во ГОБ „8 септември“ кај 70 годишен пациент од струшко Лабуништа кој бил хоспитализиран на 8 април во тешка состојба и веднаш поставен на респираторна машина. Седумте нови случаи со коронавирус во земјава се регистрирани кај три лица во Тетово и по две од Куманово и од Кочани

Починати се двајца пациенти кои беа позитивни на коронавирус – на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина лице од Скопје на возраст од 66 години и во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Штип на возраст од 83 години. И двајцата беа со претходни коморбидитети, се вели во соопштението од МЗ

Во изминатите 24 часа, како што информираат од Министерството за здравство, починале две пациентки од Куманово и од Крушево на возраст од 85 година, односно 77 години. Во денешната евиденцијата на ИЈЗ влегува еден починат пациент од струшкото село Лабуништа, кој имал хируршка интервенција во болницата „Филип Втори“, а бил позитивен на коронавирус

Маж на возраст од 63 години од струшко Лабуништа, неколку часа по приемот со тешка клиничка слика, починал на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, информираат од Министерството за здравство (МЗ)