Browsing: допинг

До ЗОИ 2022 во Пекинг, Кинезите сакаат да се исчистат од имиџот на допингирана земја за што планираат да воведат брутални мерки. Намерата е израмнување на допингот со дрогата, па спортските престапници ќе се соочат со затворски казни

Адвокатот Питер Гинсберг тврди дека неговата клиентка страда од пореметување поради кое не смее да ѝ се вади крв од вена со игла за што поседува лекарска документација што ја потврдува таквата состојба. Претставници на анти-допинг агенција, сепак, земале примерок што било причина за оток и ослабување на раката со која тенисерката сервира

Мерката е изречена за двајца натпреварувач во брзо лизгање, за двајцата натпреварувачи во санкање, за тројца крос-кантри скијачи, за двајца натпреварувачи во боб и две хокеарки поради прекршување на правилата за допинг за време на зимската Олимпијада во Сочи во 2014 година, но и претходно

Во примерок на урина на италијанската тенисерка се најдени траги на Аримидекс, препарат што во медицината се користи за пост-менопаузен карцином на дојка, а во тенискиот свет се смета за стимуланс и метаболички хормон

Со санкцијата се опфатени Артур Тајмазов, борач од Узбекистан, неговиот украински колега Васил Федоришин и Русинката Светлана Царукаева кои се закитија со медали на Игрите во Пекинг и во Лондон

Сергеј Португалов се товареше за кршење на неколку членови на анти-допинг програмата на Светската атлетска федерација (ИААФ) вклучувајќи поседување и растурање на забранети препарати. Судот во Лозана нагласи дека има јасни докази против него