Албина Мајорова е најновиот допинг случај во светот на спортот. Руската маратонка е суспендирана на четири години поради позитивен наод при ланско тестирање, соопштија од нејзиниот матичен атлетски сојуз и додадоа дека казната е изречена од меѓународниот Суд за спортска арбитража во Лозана (ЦАС).

Суспензијата веројатно ќе значи и крај на кариерата на 39 годишната Мајорова. Нејзин најдобар резултат е осмото место на Олимписките игри во Лондон во 2012 година, а завршуваше и во топ десет на престижните трки во Лондон, во Бостон и во Чикаго.