Browsing: ДУИ

Лидерот на ДУИ излезе со ваков став на 18 годишнината од основање на партијата што побуди низа реакции кај политичките субјекти во земјава. СДСМ како коалициски партнер возврати дека тоа е услов за владина коалиција, тогаш ДУИ нема да биде дел од идната Влада. За албанските партии ваквата идеја на ДУИ е популистичка, а Ахмети нема легитимитет да зборува за потребите на граѓаните

Се ближи крајот на четвртата одлука за вонредна состојба во државата, неизвесно е дали ќе има нова, но неизвесно е дали наскоро ќе има и консензус за датум за предвремените парламентарни избори

Собранието доцна синоќа ја утврди потребата за донесување на законите за ЈО и за Советот на јавни обвинители по скратена постапка. Носењето на самата одлука мина во тензичка атмосфера и препукувања меѓу власта и опозицијата. Седницата првично беше закажана за 17 часот, но започна со задоцнување од околу четири часа. Владата го повлече текстот на законите поради технички грешки и по направените корекции повторно го врати во собраниска процедура. Расправата за двете предложени законски решенија се сели во собраниската Комисија за европски прашања и во Законодавно-правната комисија

Ковачки доаѓа од АРМ, има чин полковник, како професионалец учествувал во неколку мисии на НАТО и одликуван е со државни ордени за заслуги. Но, неговото назначување би можело да биде оневозможено според член 97 од Уставот кој вели – „со органите на државната управа во областа на одбраната и полицијата раководат цивилни лица кои непосредно пред изборот на тие функции биле цивили најмалку три години“

И до нас допреа информации дека ДУИ може да реши да одглуми некаква храброст и да ја напушти Владата, но и да се случи такво нешто, би било навистина идиотски после толку години власт и такви лоши политики сега ние да го спасуваме ДУИ. Не доаѓа предвид да влеземе во техничката Влада, вели генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари