Browsing: економија

Растот во земјата за оваа година, според Според Регионалниот економски извештај на организацијата, се прогнозира да биде меѓу -1,4 и -3,2 проценти. Со документот се опфатени и останатите пет држави на Западен Балкан за кои се предвидува негативен раст меѓу -3 и -5,6 проценти

Во најновиот извештај се наведува дека „Владата брзо одговорила со целни мерки и со привремена фискална поддршка за амортизирање на социјалниот и економски удар од кризата и за заштита на ликвидноста на компаниите, за зачувување на работните места и помош на невработените и најранливи категории граѓани“

По повеќенеделната принудна пауза поради коронавирусот, во Германија од денеска отвораат и продавниците во кои не се продава храна. Условите за работа во покраините се различни, а навала во шопинг-зоните не се очекува

Помошта вклучува и нов брз проект како одговор на итните приоритети во здравствениот сектор, но и за заштита на приходите на домаќинствата, како и реструктуирање на веќе одобрени проекти за мобилизирање на средства за поддршка на малите и средни претпријатија, стои во објавениот извештај на Светска банка

Ова е најсериозниот предизвик не само за нас, туку и за светот по Втората светска војна, затоа што пандемијата одамна излезе од здравствениот сектор и почна да ја притиска глобалната економија, е оценка на претседателот Стево Пендаровски во интервју за Фактор