Browsing: економија

Според економистите – со почетокот на април започнува и војната на економијата против коронавирусот во анализата на portalb.mk. Сите се едногласни дека се потребни итни и применливи мерки за амортизирање на ударот. Јасно е дека во периодот што претстои граѓаните и компаниите ќе се соочат со нарушена ликвидност – неможност навреме да ги плаќаат кредитите, сметките за комуналии, ќе се намали јавната потрошувачка, а тоа ќе се рефлектира директно во економијата

Во интервју за Фактор, лидерот на СДСМ вели државата дури и да најде 1,2 милијарди евра преку кредити, една милијарда евра ќе мора да се обезбеди од дома, преку заштеди. Затоа се неопходни овие мерки, меѓу кои намалување на платите на функционерите, но и на сите вработени во јавниот сектор до ниво од минималната плата од 14.500 денари

Кризата предизвикана од коронавирусот е многу полоша и многу пожестоко ќе се одрази врз економијата за разлика од финансиската криза пред десетина години по распадот на берзите и импликациите што ги имаше врз банките во САД кога се прелеа низ целиот свет, порачува поранешниот вицепремиер за економски прашања

Граѓаните кои уплатиле туристички аранжман, а им пропаднале поради кризата со коронавирусот, ќе добијат ваучер од туристичките агенции со важност до 31 декември во 2021 година. Ова го сооопшти министерот за економија, Крешник Бектеши на денешната прес-конференција

Економските експерти кои учествуваа на европскиот панел се скептични во однос на капацитетот на институциите за економска политика во Еврозоната да одговорат на предизвикот од потенцијалната штета од Ковид-19. Повеќе од нив како голем проблем ја посочуваат неможноста да се координира фискален одговор