Министерката за финансии, Нина Ангеловска, повикувајќи се на предвидувањата на меѓународните институции, на денешната прес-конференција рече дека најголемиот шок за економијата се очекува во вториот квартал од годината, а веќе од третиот квартал начелно се очекуваат некакви подобрувања.

Истакна дека како министерка за финансии се откажува од платата додека траат кризните мерки.

„Време е сите да го дадеме сите најдоброто од себе. Време е за солидарност и човечност“, порача министерката Ангеловска.