Browsing: Енди Мареј

Британецот подобар од Канаѓанецот со црногорско потекло со 5:7, 7:6, 7:6 во меч што траеше три часа и 38 минути штое нов рекорд на завршните Мастерси во сезоната. Ѓоковиќ против Нишикори во второто полуфинале вечерва

Светскиот рекет број еден го совлада Хрватот со 6:3, 6:2 за старт во голем стил на завршниот Мастерс во Лондон. Претходно Нишикори беше подобар од Вавринка со 6:2, 6:3. Утре во „О2 арена“ играат Тим – Монфис и Ѓоковиќ – Раониќ

Британецот ќе има 405 бода повеќе од Ѓоковиќ на ранг листата што утре ќе ја објави АТП. Србинот, сепак, сè уште може да заврши како прв рекет во 2016 година ако го освои Лондон и притоа ги добие сите три меча во групата

Британецот ќе има пет бода повеќе од Србинот на новото рангирање во понеделник. Во финалето во Париз се пласира без борба, откако Раониќ го предаде мечот поради повреда. За титулата во Париз ќе игра против Џон Изнер

Еуфорична атмосфера создаваат медиумите, откако Хрватот му зема скалп на најдобриот светски тенисер во четвртфиналето на Мастерсот во Париз. Мареј сега има отворен пат до лидерската ппозиција на АТП листата

Британецот има седум турнирски победи во сезоната или 42 во кариерата. Тој би можел да биде нов број светски рекет ако успее да победи на Мастерсот во Париз што почнува денеска, а Ѓоковиќ загуби во било која фаза