Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕП во кошарка: Италија и Грција меѓу осумте најдобри

0
By Нова ТВ on September 10, 2017 ВЕСТИ
Фото: fiba.basketball
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 10, 2017 00:02

Грција и Италија го комплетираа саботниот квартет четвртфиналисти на 40. Европско првенство во кошарка. Претходно меѓу осумт најдобри се пласираа Словенија и Германија по победите над Украина, односно, Франција.

Грците во последното осминафинале вечерва во Истанбул ја совладаа Литванија со 77:64 (по четвртини: 25:17, 12:13, 24:18, 16:16). Селекцијата на јужниот сосед водеше во целиот натпревар, а во еден момент имаше и плус 16. Литванците успеаја во завршните десет минути да се доближат на четири поени разлика, но поблиску од тоа не можеа.

Најефикасен во победничката репрезентација беше Костас Слукас со 21 поен, еден помалку од него постигна првиот литвански стрелец Миндаугас Кузминскас. Грција во четврт-финалето ќе игра со победникот од дуелот меѓу Русија и Хрватска.

Фото: fiba.basketball

Италија, претходно, ја надигра Финска со 70:57 (по четвртини: 30:17, 18:12, 10:13, 12:15). „Азурите“ беспрекорно го почнаа мечот и на крилјата на Луиџи Датоме стекнаа убедлива предност по воведните десет минути. Работата потоа ја презедоа Марко Белинели, Николо Мели и Даниел Хакет и благодарение на одличниот шут ја одржуваа предноста до крај.

Белинели со 22 коша, Датоме со 15 и Хакет и Мели по десет беа италијански предводници до четвртфинале. Лаури Марканен овојпат беше тотално неутрализиран, па Петери Копонен со 13 поени и Сасу Салин со 11 беа најзабележителни поединци во тимот на Хенрик Дитман.

ЕП 2017 во кошарка – осминафинале

Словенија – Украина 79:55

Германија – Франција 84:81

Финска – Италија 57:70

Литванија – Грција 64:77

Недела

Летонија – Црна Гора (11,30 ч.)

Србија – Унгарија (14,15 ч.)

Шпанија – Турција (17,45 ч.)

Хрватска – Русија (20,30 ч.)

Грција ЕП 2017 Италија кошарка Осминафинале
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.