Browsing: ЕУ

Унгарскиот парламент со двотретинско мнозинство му овозможи на Виктор Орбан да владее со декрет без утврден временски рок. Со овој закон не може да се одржат избори и владата на Орбан ќе може да го суспендира извршувањето на одредени закони

Вицепремиерот за европски прашања на прес-конференцијата во Владата истакна дека 25 машини се набавени со средства на Амбасадата на Норвешка и Агенција на ОН и моментно се наоѓаат во депо во Турција, а останатите 30 се обезбедени од Кина и се преговара за нивни транспорт до Скопје

Лидерот на СДСМ за време на денешното гостување на „Утрински брифинг“ се осврна и на предлогот на партијата за кратење на платите што, како што рече, бил погрешно сфатен и изваден од контекст. Притоа истакна дека тоа е само предлог што не значи дека ќе биде прифатен од Владата

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ ги усогласиле деталите околу препораката ЕУ да отвори преговори со двете земји, наводно без дополнителни услови за Македонија, но не и за Албанија, што според дипломати, таа разлика се должела на ставовите на државите

За денеска во Брисел е закажан состанок на Советот за надворешни работи, утре ќе заседава Советот за општи работи додека 26 и 27 март се резервирани за седница на Европскиот совет на која треба да биде официјализирана одлуката за отпочнување на процесот на преговори со С. Македонија и Албанија за членство во (ЕУ)

Државниот министер на Германија за Европа и шефот на македонската дипломатија на видео прес-конференцијата се согласија дека Европа мора да покаже солидарност во борбата против Ковид-19 за кого Рот вели „нема национален идентитет, па затоа човештвото треба заедно да се справи со него“

Според вицепремиерот за европски прашања, донесена е со консензус, истата е безусловна и со барање за одржување на првата меѓувладина конференција веднаш по одобрување на преговарачката рамка. Официјална потврда од Брисел се очекува во текот на денот