Browsing: финале

Во возбудливо финале во Кумамото, Холанѓанките ја совладаа Шпанија со 30:29 (полувреме 16:13) и за првпат во историјата освоија мундијалскио злато. Бронзениот медал го освои Русија чии ракометарки во „малото“ финале ја поразија Норвешка со 33:28

До втората титула во својата историја, „фуријата“ стигна по убедливата партија и победа против Аргентина со 95:75 во финалето на мундобаскетот. Со бронзата од Кина замина репрезентацијата на Франција која во мечот за третото место ја совлада Австралија со 67:59. Рубио го посвети златото на неговата мајка која почина пред три години, Гасол, пак, се придружи на Ламар Одом со шампионски прстен во НБА и светска титула во иста календарскка година. Најдобар стрелец на турнирот е Богдан Богдановиќ со вкупно 183 постигнати поени

Во финалето на 31. континентален турнир, избраничките на Зоран Терзиќ ги совладаа Турција со 3:2 (по сетови: 21:25, 25:21, 25:21, 22:25, 15:13) во меч пред преполната арена во Анкара и по ЕП 2011 и по ЕП 2017 го додадоа третото злато во досието, овојпат без загубен сет

Најдобрата македонска тенисерка во моментот и нејзината партнерка Кристина Дину од Романија ја поразија српско-шпанската комбинација, Олга Даниловиќ/Георгина Гарсија Перез со 4:6, 7:5, 10:7 во финалето на ИТФ турнирот во Германија што се играше за награден фонд од 60.000 долари

„Азурите“ во финалето на СП во спортови на вода во Гвангжу, ја поразија Шпанија со 10:5 за трета мундијалска титула во историјата. Бронзата за Хрватска чии ватерполисти во меч за третото место на турнирот ја совладаа Унгарија со 10:7