Browsing: фудбал

Депортиво ла Коруња ги приземји Каталонците по триумфот со 2:1. Реал М. вечерва е домаќин на Бетис и во случај на победа ќе се врати на првото место на табелата во шпанскиот фудбалски шампионат

„Исплативме шестоцифрена сума на добивки. Тоа беше лош ден за нас“, порачаа од „Ледброукс“, еден од најголемите синџири на британски обложувалници без притоа да наведат конкретни бројки. Слично минале и во „Вилијам Хил“

Серхи Роберто го комплетира подвигот на Каталонците во петтата минута од судиското продолжение за четврт-финале во ЛШ. Два гола дотогаш постигна Нејмар, по еден Суарез и Меси и автогол на Курзава. Почесниот за „светците“ го даде Единсон Кавани. Борусија Д. ја елиминира Бенфика со 4:0

Баерн М. ги декласира „топчиите“ и на „Емирати“ со 5:1 и со вкупни 10:2 се потврди како четвртфиналист во Лигата на шампиони, „кралевите“ подобри од Наполи и на „Сан Паоло“ со 3:1

Понудата на челниците на бундеслигашот се однесува на 18 фудбалери на Томас Тухел што ќе бидат во комбинација за мечот или во превод значи 1,8 милиони евра како награда во случај на посакуван резултат. Португалците имаат 1:0 по првата средба во Лисабон