Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Серија А: Икарди и Банега со хет-трик за Интер против Аталанта

0
By Нова ТВ on March 12, 2017 СПОРТ
Фото: Твитер
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 12, 2017 19:47

Аталанта настрада на „Џузепе Меаца“ од аргентинската врска во Интер. „Нероазурите“ немаа милост кон ривалот од Бергамо што го испратија со полна мрежа. Конечни 7:1 за екипата на Стефано Пиоли во меч од 28 коло во Серија А што беше решен по првото полувреме (5:1).

Победничката екипа исфрли на површина два лика попладнево во Милано – Мауро Икарди и Евер Банега. Освен тоа што се Аргентинци, заедничко за нив е што постигнаа по три гола во 17. сезонска победа на Интер.

За подвиг на Икарди му беа потребни девет минути. Од 17 минута преку 23. од пенал до 26., напаѓачот на Интер трипати ја „параше“ противничката мрежа и стигна до 20. гол во калчолигата во оваа сезона во која има и осум асистенции. Лидер на листата на стрелци во Италија е Андреа Белоти од Торино со 22 погодока.

Банега, пак, своето гол шоу го почна во 31 минута, го продолжи во 34. и го заврши во 68. Покрај трите погодоци, Банега запиша и две додавања. Седмиот гол за Интер, шести во натпреварот беше дело на Галјардини во 52 минута. Почесниот за Аталанта го постигна Фрелер во 42 минута.

Серија А

Резултати, 28 коло

Интер – Аталанта 7:1

Пескара – Удинезе 1:3

Наполи – Кротоне 3:0

Фиорентина – Калјари 1:0

Киево – Емполи 4:0

Сасуоло – Болоња 0:1

Џенова – Сампдорија 0:1

Јувентус – Милан 2:1

Палермо – Рома (недела, 20.45 ч.)

Лацио – Торино (понеделник, 20.45 ч.)

Евер Банега Интер Италија Мауро Икарди Серија А фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.