Browsing: фудбал
Селекторот Ангеловски потврди дека капитенот ќе настапи во сабота во Гранада, напаѓачот на Челзи најверојатно се враќа во Лондон од каде и пристигна повреден на подготовките на „црвената фурија“
Покрај десниот бек на Арсенал, интерес на „Камп Ноу“ и за Гаспар од Вилјареал, Фабињо од Монако, Маркињос од ПСЖ и Ојарзабала од Реал Сосиедад
Несторовски како прв адут за гол на Македонија и во сабота во Гранада против Шпанија во квалификациите за СП 2018. Пандев се пожали на болки во задната ложа, но капитенот ќе биде фит за дуелот со „црвената фурија“
Обновената соработка на Португалецот со производителот на спортска опрема од САД е оценета како „договор на животот“. Досегашниот „тежеше“ три ипол пати помалку
Фудбалската репрезентација се комплетира во Скопје за дуелот со Шпанија во квалификациите за СП 2018. Вечерва пристигна и голманот Столе Димитриевски од Гимнастик кој единствен недостасуваше на првиот тренинг
Турските медиуми ретерираат со вестите за состојбата на Холанѓанецот. По првичните наводи на лекари, сега се повикуваат на клупскиот доктор кој порачува дека состојбата не е така страшна ккако што изгледала на прва
Според наводи на доктори, очното сочиво е целосно уништено и голема е веројатноста Холанѓанецот да не прогледа со повреденото око што би значело и крај на неговата фудбалска кариера.
Потпишување на соработката е најавено за утре во претседателската ложа на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Актуелниот истекуваше во 2018 година, финансиските детаљи за новиот сè уште не се познати
Битолчани го совладаа Работнички со 1:0 во дербито на 13 коло во Првата лига. Вардар ја совлада Брегалница во Кочани со 1:0, Шкендија подобра од Победа во Битола со 2:1. Скопските „црвено-црни“ останувааат на плус 7 од тетовските
Португалецот, сепак, изрази оптимизам и потенцира дека се е во нивни раце во двата меча што преостануваат
Јапонецот постигна автогол на „Сент Мери“ за победа на Саутемптон со 2:1, Карабаг на македонскиот интернационалец го совлада ПАОК со 1:0
Фенербахче го совлада Јунајтед со 2:1, францускиот репрезентативец се повреди и беше заменет во 30 минута. Зенит прв клуб што обезбеди осминафинале во Лига Европа вечерва














