Browsing: фудбал

Отсуството на капитенот на Динамо Загреб е голем хендикеп за стручниот штаб ако се има предвид дека селекторот Ангеловски, поради повреди, ги загуби и Енис Барди, Дарко Велковски, Крсте Велковски и Иван Тричковски. Мечот меѓу фудбалските репрезентации на Полска и Македонија во квалификациите за ЕП 2020 е вечерва од 20.45 ч. на стадионот „Народови“ во Варшава

Македонската реппрезентација, по проспиената ноќ во Скопје, отпатува за Полска каде во недела ќе ` гостува на домашната селекција во осмиот меч во групата Г во квалификациите за ЕП 2020

Играчот на Наполи беше стрелец на двата гола за „црвено-жолтите“ во 50. минута и во 68. минута за трета победа во циклусот, единствениот за гостите беше дело на Јосип Иличич од пенал во петтата минута од судиското екстра време. Македонската репрезентација во недела (20.45 ч.) ќе ` гостува на Полска како третопласирана на табелата

Шестиот меч меѓу фудбалските репрезентации на двете земји е вечерва (20.45 ч.) на националната арена „Тоше Проески“ во Скопје. Селекторот Игор Ангеловски не може да смета на повредените Енис Барди и Крсте Велкоски, под суспензија поради жолти картони е Егзон Бејтулаи

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација објави список со 23 играчи за октомвриските мечеви во квалификациите за ЕП 2020. Неизвесен е настапот на Енис Барди, поради повреда воопшто го нема Дарко Велковски, Егзон Бејтулаи поради жолти картони ќе може да игра на гостувањето во Варшава, а во националниот тим се враќаат Стефан Ристовски и Кристијан Тошевски

Српскиот првак имаше негатива од 0:1 (стрелец Рубен Семедо 37’) по првото полувреме во дуелот со Олимпијакос, но на крајот славеше со 3:1 за прва победа во групата Б и пробив до второто место на табелата. Фудбалерите на Баерн Минхен демонстрираа фантастична моќ во Лондон каде го понижија Тотенхем со 7:2 во „убавицата“ на вечерта во второто коло во Лигата на шампиони. Четири гола за Баварците постигна Серж Гнабри, сите четири во второто полувреме

По убедливите 3:0 за ПСЖ во Париз, „кралевите“ вечерва ремизираа (2:2) во дуелот со белгискиот тим на „Сантијаго Бернабеу“ и остана на последното место на табелата во групата А. Шахтјор во Милано ја совлада Аталанта со 2:1