Browsing: фудбал

Шпанскиот претставник го совлада европскиот првак со 1:0 во меч во кој погодокот на Саул од четвртата минута се покажа како решавачки на стадионот „Ванда Метрополитано“. Норвежанецот Ерлинг Халанд со два гола им донесе триумф на „милионерите“ против ПСЖ

Иако неговата пазарна вредност се проценува на околу 90 милиони евра, сепак, Антонио Конте го доби за само 20 од причина што неговиот договор со Тотенхем завршуваше на крајот на оваа сезона

Реализација на капитенот на македонската репрезентација од 45. минута не беше доволна за бод(ови) на Џенова да излез од опасната зона на табелата. Рома славеше на „Луиџи Ферарис“ со 3:1 и ги остави домаќините на претпоследното место со само 14 бода. Јувентус во последниот меч од неделната програма ја совлада Парма со 2:1

„Аптекарите“ без поголеми проблеми го средија последнопласираниот Падерборн со 4:1 и и се вратија на шестата позиција на табелата која води во Лига Европа. Победа со четири гола, но без примен, попладнево забележаа и Баварците на гостувањето кај Херта

Вирџил ван Дајк во 15. минута и Мохамед Салах во третата од судиското екстра време беа творци на 21 триумф на Ливерпул кој досега собра 64 бода од можни 66, а допрва треба да го одигра и одложениот натпревар со Весте Хем. За тимот на Манчестер јунајтед, пак, ова беше седми пораз во тековниот шампионат по кој е петти на табелата со 34 бода

Сумата во однос на 2017 година, според публикацијата на УЕФА, е намалена за четири отсто, а разликата е драстична во однос на расходите за плати во земјите со кои се водат битки на зелениот терен на клупски и на репрезентативен план.

Европскиот првак Ливерпул го победи јужноамериканскиот фудбалски владетел Фламенго со 1:0, во финалето на Светското клупско првенство што се одржа во Катар. Стрелец на единствениот гол беше Роберто Фирмињо во 99 минута од средба, откако основниот дел заврши без голови

„Топчиите“ се наоѓаат во криза и среде низа од седум порази, а последниот го претрпеа од Ајнтрахт Франкфурт (1:2) на домашен терен во Лига Европа. Англиските медиуми нотираат дека под водство на Емери, клубот ја бележи најлошата серија од 1992 година

Поединечните суми, потенцира весникот, ќе варираат од 22.000 евра до 200.000 евра за што, најверојатно, ќе следува одбрана на играчкиот кадар и поднесување жалба по таквата одлука на клупското раководство. „Случајот „карантин“ дојде како последица на ремито со Салцбург (1:1) во Лигата на шампиони по што претседателот Еурелио де Лаурентис реши да организира еднонеделна изолација на фудбалерите од кои добар дел се оглушија на наредбата, а некои се спротивставија и на неговиот син, инаку потпретседател на клубот, поради што ќе следуваат и финансиски казни

„Црвено-жолтите“ вечерва на арената „Тоше Проески“ го совладаа Израел со 1:0 во последното коло од циклусот за Европското првенство во 2020 година. Стрелец на единствениот погодок беше Бобан Николов во втората минута од судиското екстра време на првиот дел за финиш во групата Г како што се почна со победа над Летонија со 3:1