Browsing: фудбал
„Светците“ го доживеаја вториот пораз во сезоната во француската Лига, прв на домашен терен
Членовите на ИК на УЕФА донесоа одлука и за засадување на 600.000 дрвца во 12. градови домаќини на Европското првенство во 2020 година во која се одбележуваат шест децении од првиот континентален турнир. Од состанокот во словенечката престолнина и препорака до сите 55 национални фудбалски федерации и сите европски клубови да не играат мечеви во земји во кои е забренет влез за жени на стадиони
Мечот за титулата во Лига Европа во 2021 година ќе се одигра во Севилја додека истата година Белфаст ја доби честа да биде домаќин на европскиот Суперкуп.
Лига на нации: Хрватска и Германија се враќаат во А дивизија, С. Македонија останува во Лига Ц
На состанокот на Извршниот одбор во Љубљана е одлучено да останат четирите дивизии во натпреварувањето што беше воведено во 2018 година со таа разлика што бројот на учесници во А дивизијата се зголемува од 12 на 16 репрезентации, а освен „коцкестите“ и „панцирите“ во елитата остануваат и Полска и Исланд
На стадионот „Азади“ во Техеран, каде репрезентацијата на Иран најчесто ги игра своите мечеви како домаќин, подготвени се одделни влезови, трибини и тоалети за жените. Исто така, ќе има дополнителен број на полицајци за жените да можат безбедно да влезат и да излезат од стадионот, додаде Солтанифар. Иранската репрезентација на 15 октомври ќе биде домаќин на Камбоџа во квалификациите за СП 2022
Хет-трик прослави Бернардо Силва во 15. минута, во 48. минута и во 60. минута, по еднаш во листата на стрелци се впишаа и Давид Силва (1’), Серхио Агеро (7’ од пенал), Ријад Марез (12’), Никола Отаменди (18’) и Кевин де Брујне (85’)
„Црвените ѓаволи“ ја совладаа Астана на „Олд трафорд“ со 1:0, Лудогорец со пресврт во второто полувреме ги декласира московјаните со 5:1, австрискиот бундеслигаш Волфсбергер славеше во Менхенгладбах со 4:0 во изненадувањетио на вечерта
Баварците со 3:0 ја совладаа Црвена звезда, „модрите“ на „Максимир“ ја декласираа Аталанта со 4:0 додека францускиот гигант ги понижи „кралевите“ со 3:0 на „Паркот на принцевите“
Калчолигашот го совлада актуелниот европски првак со 2:0 во мечот од првото коло во групата Е. Наполитанците поведоа со голот од пенал на Дрис Мертенс во 82. минута, трите бода ги потврди Фернандо Љоренте во втората минута од судиското надополнување. Македонскиот репрезентативец почна како резерва и од Анчелоти ги доби последните 20. минути како замена за Алан
Младиот играч од Гвинеја Бисао беше во стартниот состав на Каталонците на гостувањето кај Борусија Дортмунд на возраст од 16 години и 321 ден со што го надмина Бојан Кркиќ кој за тимот од „Камп Ноу“ дебитира во 2007 година со 17 години и 22 дена
Интер избегна бламажа на домашен терен во првиот меч во фудбалската Лига на шампиони за сезоната 2019/20. „Нероазурите“, иако важеа…
Тимот од Гелзенкирхен го совлада дебитантот во германската фудбалска елита со 5:1 и се искачи на шестото место на табелата. Фрајбург го потврди епитетот хит на почетокот на сезона со триумфот кај Хофенхајм со 3:0















