Browsing: фудбал
Екипата од главниот град на Германија го слави историскиот успех по ремито без голови на домашен терен против Штутгарт (првата средба заврши 2:2), па поради постигнатите голови во гости е севкупен победник во бараж двомечот
Германскиот менаџер ја продолжи соработката со „светците“ со 2021 година со што е ставен крај на шпекулациите за негова смена во летниот период
Детали за прекинот на соработката се оставени за утре попладне (14 ч.) кога е најавена заедничка прес-конференција со претседателот Андреа Ањели
Двете страни, наводно, постигнале договор за соработка за наредните три години со плата од 2,5 милиони евра по сезона плус бонуси
Досегашниот играч на Ајнтрахт Франкфурт ќе потпише петгодишен договор со „кралскиот“ клуб за сума од 60 милиони евра што го прави најплатен играч кај северниот сосед
Лацијалите во финалето на „Олимпико“ ја совладаа Аталанта со 2:0
По освојувањето на во националниот куп, „копјаниците“ вечерва ја освоија и тамошната Ередивизија по триумфот во последното коло над Де Графшап со 4:1
„Бордо“ тимот од главниот град во финалниот двомеч го совлада Широки Брег со вкупни 3:1, а во сабота ќе има прилика за шампионска титула и во тамошната Премиерлига
„Граѓаните“ во последното коло, со пресврт, го совладаа Брајтон со 4:1 и ја задржаа предноста од еден бод на врвот на табелата пред Ливерпул чии фудбалери триумфираа над Вулверхемптон со 2:0
Дебармаалци како домаќини славеа над Македонија Ѓ.П. со 2:0, кратовци со 1:0 го совладаа Вардар и се одлепија на дното на табелата од екипата на Беласица која одигра 2:2 против Шкупи на Чаир
Римјаните во дербито на 36. коло во Серија А го совладаа Јувентус со 2:0 (полувреме 0:0) и останаа на шестото место со 62 бода колку и петтопласираниот Милан. Пред нив е Интер со бод повеќе, но и меч помалку (утревечер од 21 ч. ќе игра со Киево), а трета е Аталанта со 65
Клубот од предградието на Валенсија го обезбеди опстанокот на коло до крај на шпанското фудбалско првенство по денешниот гостински триумф над Џирона со 2:1. И тоа на крилја на македонскиот репрезентативец кој ги одигра сите 90 минути и негово дело беше победоносниот во 86. минута по асистенција на Хозе Кампања