Browsing: фудбал

Бранителот на титулата во првото коло ја декласира подмладената селекција на „самураите“ со 4:0. Напаѓачот на мексикански Тигрес со два гола стана најдобар чилеански стрелец на Копа Америка и го потисна Марсело Салас на вечната листа на „Ла Риоха“. Вечерва почнува второто коло на турнирот со дуелите во групата А во кои ќе играат Боливија – Перу (23.30 ч.) и Венецуела – Бразил (02.30 ч.)

Легендарниот стопер на Лацио и на Милан неодамна доби отказ во Перуџа по неуспешниот обид за пласман во Серија А преку плејофот, мисија што во наредната сезона ќе биде основна цел со екипата од централна Италија

По Полска, бодови од Скопје однесе и Австрија која вечерва славеше со 4:1 во четвртото коло во групата Г. Двапати Арнаутовиќ, по еднаш за Австријците погодија Лазаро и Лајмер со помош на Бејтулаи, почесниот за „црвено-жолтите“ беше дело на Хинтерегер. Наредниот меч за македонскиот националниот тим е во Израел на 5 септември

Поради големиот број на уапсени, во функција за нивни превоз беа ставени неколку стари автобуси на ЈСП, а сите го минаа денот и ноќта во полициските станици во Карпош, во Гази Баба, во Кисела Вода и во Ѓорче Петров. Претпладнево беа изведени пред судија за прекршоци по што ќе бидат познати и казните кои може да бидат парични, но да бидат изречени и времени мерки за влез во земјата

Полска славеше вечерва на националната арена „Тоше Проески“ со 1:0. Погодокот на Камил Глик од 47. минута беше доволен за победникот во дерби мечот од третото коло во групата Г. Веќе во понеделник во Скопје ќе гостува и селекцијата на Австрија

Во 21 часот на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид ќе се пресметаат Ливерпул и Тотенхем во финалето на Лигата на шампиони. Мечот ќе почне со минута молчење во чест на Хозе Антонио Рејес кој загина во сообраќајна несреќа претпладнево крај Севилја