Исклучително важни победи на Работнички и на Силекс во мечевите од 34. коло во македонскиот фудбалски шампионат со дијаметрално спротивно значење. За „црвените“ од Градски парк за Европа што, сепак, ќе зависи и од исходот во Куп финалето меѓу Академија Пандев и Македонија Ѓ.П., за кратовци, пак, за опстанок.

Дебармаалци како домаќини славеа над Македонија Ѓ.П. со 2:0 и повторно се конкурентни за четвртата позиција што ќе води во квалификациите за Лига Европа доколку струмичките „академци“ ги совладаат ѓорчепетровци во натпреварот за Куп трофејот.

Силекс со 1:0 го совлада Вардар во Кратово и се одлепи на три бода од екипата на Беласица која одигра 2:2 против Шкупи на Чаир. Ренова и Академија Пандев ги поделија бодовите во Тетово (1:1), а во мечот без резултатско значење, Шкендија ја порази Победа со 4:1.

Прва лига, 34 коло

Работнички – Македонија Ѓ.П. 2:0

Силекс – Вардар 1:0

Шкупи – Беласица 2:2

Ренова – Академија Пандев 1:1

Победа – Шкендија 1:4

Табела: Шкендија 76, Вардар 60, Академија Пандев 57, Шкупи 44, Ренова 43, Работнички 43, Македонија Ѓ.П. 41, Силекс 41, Беласица 38, Победа 23.

Идно коло (19 мај): Беласица – Работнички, Шкупи – Ренова, Македонија Ѓ.П. – Силекс, Шкендија – Академија Пандев, Вардар – Победа.