Browsing: фудбал

На Шпанецот во Минхен се гледа како наследник на Рибери и Робен кои, според најавите, ја играат последната полусезона за Баварците. Фудбалерот изрази желба за разделба со „кралскиот клуб“ доколку не дојде до промена на статусот што моментно го има или, пак, да дојде до смена на Солари

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, речиси, цела кариера ја мина на Апенините со исклучок на сезоната 2000/01 во Беласица и на 2014/15 во Галатасарај и во сиот изминат период настапуваше за шест клуба – Интер, Лацио, Наполи и Џенова чиј член е во моментот и за време на првиот договор со „нерозѕурите“ беше позајмуван на Специја (2002/03) и на Анкона (2003/04)

„Росонерите“ во премиерата на 25. коло го совладаа Емполи, најслабиот гостин во калчолигата во оваа сезона, со 3:0 и се доближија на само бод од градскиот ривал Интер кој утревечер (недела) во 20.30 часот ќе ` гостува на Фиорентина. Полскиот репрезентативец со гол во 49. минута ги најави трите бода на „Сан Сиро“

Казната за „сините“ се однесува за неправилности при купување на фудбалери помлади од 18 години меѓу кои и поранешниот напаѓач Бертран Траоре. Врз основа на документите што излегоа во јавност, под лупа на ФИФА во случајот беа 19 млади играчи во изминатите три години од кои, наводно, 14 биле малолетни

Шпанскиот претставник со два гола во второто полувреме го совлада Јувентус (2:0), „граѓаните“ на Пеп Гвардиола подобри од Шалке со 3:2 со пресврт во финишот на средбата иако од 68. минута играа без исклучениот Отаменди. Реваншите ќе се одиграат на 12 март