Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нови проблеми на „Стемфорд Бриџ“: Стоп за трансфери во Челзи до летото во 2020 година

0
By Нова ТВ on February 22, 2019 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 22, 2019 12:44

„Стоп“ за трансфери во Челзи во наредните два преодни рока. Мерката е потпишана од Светската фудбалска асоцијација (ФИФА), откако беше утврдено дека лондонските „сини“ прекршиле еден од нејзините правилници што се однесува на млади играчи. Па, оттука и забраната за пазарни активности до летото во 2020 година.

Освен тоа, премиерлигашот од „Стемфорд Бриџ“ е казнет и со 600.000 швајцарски франци, а Фудбалската асоцијација (ФА) на Англија со 510.000 швајцарски франци. Пред клубот е оставен рок од три дена за обжалување на ваквите одлуки.

Казната за Челзи се однесува за неправилности при купување на фудбалери помлади од 18 години меѓу кои и поранешниот напаѓач Бертран Траоре. Врз основа на документите што излегоа во јавност, под лупа на ФИФА во случајот беа 19 млади играчи во изминатите три години од кои, наводно, 14 биле малолетни.

Новонастанатата ситуација е дополнителен удар за амбициите на Челзи. „Сините“ се мачат на резултатски план низ целиот тек на сезоната, се позасилено се шпекулира со отказ на Маурисио Сари, најавено е заминување на Еден Азар во летниот трансфер период и присутно е незадоволство кај неколку други фудбалери на Челзи кои со задоволство би промениле средина.

казна трансфери ФИФА фудбал Челзи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.