Марко Асенсио (23) е означен како еден од наследниците на Франк Ривери и на Арјен Робен во Баерн Минхен. И Французинот и Холанѓанецот ја играат последната полусезона за Баварците и според најавите ќе заминат од „Алијанц арена“ по завршување на сезоната.

Имајќи го предвид тоа, раководството на Баварците се седи со скрстени раце и подготвува понуда на 120 милиони евра за услугите на Асенсио кој игра особена улога кај Сантијаго Солари.

Фудбалерот веќе изрази желба за разделба со „кралскиот клуб“ доколку не дојде до промена на статусот што моментно го има или, пак, да дојде до смена на Солари. Шпанецот во оваа сезона постигна пет гола во 31 настап за „кралевите“ и воглавно во игра влегува како резерва.