Browsing: фудбал

Колумбиецот во наредните две сезони ќе игра за Баварците за сума од 10 милиони евра. Германскиот шампион ја потврди веста и дополни дека ќе има можност за целосно откупување на неговиот договор со „кралевите“ во 2019 година за 35,2 милиони евра

Договорот ќе гласи на две години, трансферот ќе биде комлетиран во теко на наредната недела. Меѓу „граѓаните“ ова лето веќе пристигнаа Португалецот Бернардо Силва од Монако и бразилскиот голман Едерсон од Бенфика

Момчето од Сандерленд боледуваше од редок облик на рак што ги напаѓа нервните ќелии. Болеста му беше дијагностицирана на возраст од една ипол година и еднаш успеа да ја совлада, но не и по повторното појавување лани. Детскиот организам храбро се бореше со исклучително тешките и напорни терапии, во периодот на лекување му беа применети неколку неколку различни методи меѓутоа лек, за жал, немаше

Тетовци го совладаа молдавскиот претставник и во реваншот со 4:0 и со вкупен резултат 7:0 (во првиот меч во Струмица славеа со 3:0) се пробија до второто квалификациско коло за Лига Европа во кое за противник го чекаат подобриот од велшки Конах и Хелсинки

Смената на лидерската позиција на јулското рангирање на Светската фудбалска асоцијација дојде како последица на крајниот исход на Куп на конфедерации во Русија. „Панцерите“ во финалето го совладаа Чиле со 1:0. „Црвено-жолтите“ скокна за две места, бодови донесе ремито (0:0) со Турција во пријателскиот меч во Скопје

Каталонците ја објавија и висината на откупната клаузула за аргентинскиот фудбалски волшебник. Па, ако некој изрази желба да им го украде пред истек на договорот, ќе мора да изрази и подготвеност да плати 300 милиони евра

Ванче Шиков, Леон Најдовски и Стојанче Велинов се враќаат во комбинација кај дебармаалци. Реваншот со ривалот од Сан Марино во квалификациите за Лига Европа е утре попладне (17,30 ч.) на тренинг комплексот „Петар Милошевски“ при Фудбалската федерација на Македонија. Работнички има 1:0 од првата средба