Browsing: фудбал

Тетовци го совладаа молдавскиот претставник и во реваншот со 4:0 и со вкупен резултат 7:0 (во првиот меч во Струмица славеа со 3:0) се пробија до второто квалификациско коло за Лига Европа во кое за противник го чекаат подобриот од велшки Конах и Хелсинки

Смената на лидерската позиција на јулското рангирање на Светската фудбалска асоцијација дојде како последица на крајниот исход на Куп на конфедерации во Русија. „Панцерите“ во финалето го совладаа Чиле со 1:0. „Црвено-жолтите“ скокна за две места, бодови донесе ремито (0:0) со Турција во пријателскиот меч во Скопје

Каталонците ја објавија и висината на откупната клаузула за аргентинскиот фудбалски волшебник. Па, ако некој изрази желба да им го украде пред истек на договорот, ќе мора да изрази и подготвеност да плати 300 милиони евра

Ванче Шиков, Леон Најдовски и Стојанче Велинов се враќаат во комбинација кај дебармаалци. Реваншот со ривалот од Сан Марино во квалификациите за Лига Европа е утре попладне (17,30 ч.) на тренинг комплексот „Петар Милошевски“ при Фудбалската федерација на Македонија. Работнички има 1:0 од првата средба

Португалецот потпиша двегодишен договор од кој ќе инкасира 12 милиони евра. На шампионот на Турција му се придружи како слободен играч и за самиот потпис доби четири милиони евра колку што ќе изнесува и неговата заработувачка по сезона

Покрај велшкиот првак, првите пречки ги минаа и екипите на Хибернијанс (Малта), на Линфилд (С. Ирска), на Алашкерт (Ерменија) и на Викингур (Фарски Острови). Од второто коло се приклучува и Вардар кој го очекува двомеч со Малме

Фудбалерите на Прогрес Нидеркорн ги понижија „ренџерси“ и со триумфот од 2:0 на домашен терен го анулираа минималниот пораз на „Иброкс парк“ за сензационален пласман во второто квалификациско коло

Турскиот интернационалец е шесто летно засилување за „росонерите“ по Борини, Мусачо, Кеси, Силва и Родригез. Неговиот трансфер во тимот од „Сан Сиро“ е тежок 20 милиони евра и дополнителни четири во вид на бонуси