Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Непоразени на европски север: Вардар носи 1:1 од Малме

0
By Нова ТВ on July 12, 2017 СПОРТ
Фото: fkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 12, 2017 21:43

Одлични 1:1 има Вардар против Малме по првиот меч од второто квалификациско коло за Лигата на шампиони на УЕФА. Одлично затоа што се остварени на гости, одлични затоа што реваншот се игра во Струмица и одлични затоа што се плод на добра и зрела игра во натпревар во кој „црвено-црните“ знаеја што сакаат и знаеја како до посакуваното. Поведоа со погодокот на Бобан Николов во 63 минута, домашните израмнија во 75. преку стоперот Брорсон и до крај резултатот остана непроменет.

Вардарци во најголем дел од натпреварот беа рамноправен партнер на шведскиот првак, на периоди и подобар ривал на „Сведбанк арена“ и заслужено се враќаат непоразени од европскиот север, но, според приликите, може и да жалат што не ги добија воведните 90 минути од двомечот.

Македонскиот шампион имаше две одлични прилики за гол во првото полувреме за разлика од фудбалерите на Магнс Першон кои воглавно се закануваа од дистанца. Балотели, по асистенција на Спировски, во 17 минута се најде во идеална позиција да го отвори резултатот, но неговиот удар за малку заврши во гол-аут. Бразилецот се најде во гол ситуација и по 17 минути. Овојпат дочека отпадок по ударот на Барсегјан и блокот на Нилсен, но Виланд одново имаше среќа.

Седлоски во паузата го повлече првиот потег од клупата. На терен го испрати Никола Глигоров на место Бесар Исени. Замената требаше да донесе освежување во средниот ред како поддршка во офанзива и во потрагата по гол. „Црвено-црните“ беа трпеливи, чекаа и дочекаа. Се играше средината на второто полувреме, поточно 63 минута, кога вардаровата клупа влезе во еуфорија, а трибините во молк. Спротивниот амбиент на „Сведбанк арена“ го продуцира Николов чиј удар од стативата заврши во целта.

Малме набрзо успеа да ја поништи негативата. Швеѓаните израмнија по прекин во 75 минута кога Брорсон од непосредна близина ја спроведе топката зад грбот на Гачевски. До крајот, вардарци ориентирани на одбрана на резултатот, Малме ја презеде иницијативата во обид со каква-таква предност да истрча на „Младост“, но обидите на Нилсен во 86 минута и на Кристијансен во 79. и во третата од судиското продолжение (ја погоди стативата) не донесоа пресврт.

Малме – Вардар 1:1 (0:0)

Стадион: „Сведбанк“ арена во Малме. Гледачи: 15.000. Гл. судија: Торвалдур Арнасон. Асистенти: Јохан Гудмундсон и Гилфи Мар Сигурдсон (сите тројца од Исланд). Ж. картони: Цибицки (Малме); Грнчаров, Барсегјан, Николов, Фелипе, Гачевски (Вардар). Стрелци: Брорсон 75′ за Малме; Николов 63′ за Вардар.

Малме (формација 4-4-2): Виланд – Конате (Еикрем 65′), Брорсон, Нилсен, Тинерхолм – Јотун, Левицки, Кристијансен, Ракип (Сванберг 65′) – Цибицки (Бергквист 85′), Бергет. Тренер: Магнус Першон.

Вардар (формација 4-1-4-1): Гачевски – Демири, Новак, Грнчаров, Хамбарѕумјан – Спировски (Којашевиќ 78′) – Николов, Исени (Глигоров 46′), Фелипе, Барсегјан (Блажевски 72′) – Балотели. Тренер: Гоце Седлоски.

Вардар квалификации Лига на шампиони Малме фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.