Browsing: фудбал
Ефект каков што имаше офанзивниот играч за врска на мадридски Реал против Македонија во Гдиња во минатото забележаа и Гркот Арис Карасавиди против Холандија на ЕП 1988, Швеѓанецот Маркус Берг против Белорусија на ЕП 2009, Шпанецот Тиаго Алкантара против Италија на ЕП 2013 и Чехот Јан Климент против Србија на ЕП 2015
Офанзивниот играч за врска на Реал Мадрид погоди во 16 минута, во 54. и во 72., мрежата на Алексовски ја тресеа и Саул Нигез во 10. и Делофеу во 35. од пенал. „Црвено-жолтите“ покажаа заби, 24 пати се обидоа да постигнат првенец во дебитантското учество на ЕП, но не успеаја. Шанса за тоа ќе имаат во вторник (18 ч.) против Србија во Бидгошч
„Црвено-жолтите“ херои вечерва (20,45 ч.) на стадионот „Мунисипал“ во Гдиња, Полска во историски настап на една македонска репрезентација на завршен фудбалски самит на континентот
Полјаците поведоа уште во првата минута со голот на Патрик Липски, но крајот им припадна на нивните словачки врсници. Мартин Валент израмни на 1:1 во 20 минута, за резервистот Шафранко во 78 минута да погоди за пресврт и големи три бода
Македонија утревечер (20.45 ч.) ќе дебитира на континенталниот собир. Избраниците на Благоја Милевски во Гдиња ќе играат против Шпанија во рамки на групата Б
Италијанецот, под чие водство Албанците се пласираа на ЕП 2016, заминува по шестгодишен ангажман во Тирана. На разделба порача дека остава добар и формиран тим, но причини за одлуката за разделба не наведе
Изумот е на Ибрахим Алма, репрезентативен голман на Сирија, кој беше хит во натпреварот против Кина во квалификациите за СП 2018 година. Неговиот домет е три четвртини од теренот
Младата фудбалска репрезентација од 16 до 30 јуни ќе дебитира на Европските првенства за играчи до 21 година. На претстојното ќе биде дел од групата Б заедно со Шпанија (Гдиња, 17 јуни, 20,45 ч.), Србија (Бидгошч, 20 јуни, 18 ч.) и Португалија (Гдиња, 23 јуни, 20,45 ч.)
Мечот меѓу Македонија и Шпанија на „Телеком арена“ донесе три гола (1:2) на кои им претходеа и ефектни проигрувања и потези за око
„Фуријата“ вечерва славеше на „Телеком арена“ со 2:1 во шестото коло од циклусот за завршниот турнир во Русија. Давид Силва во 15 минута и Диего Коста во 27 минута погодија за гостите, Стефан Ристовски во 66 минута го постигна единствениот гол за „црвено-жолтите“ во петтиот пораз во групата Г. Наредниот настап на „црвено-жолтите“ ќе биде на 2 септември на гости против Израел
Фудбалската репрезентација вечерва (20,45 ч.) на „Телеком арена“ против моќната „црвена фурија“ во циклусот за планетарниот собир догодина во Русија. Во нашата група уште меча во истиот термин – Италија е домаќин на Лихтенштајн, а Израел на Албанија
„Панцирите“ во Нирнберг го совладаа Сан Марино со 7:0. Сандро Вагнер постигна три гола за составот на Јоаким Лев, ефект каков имаа и Левандовски за Полска против Романија (3:1) и Јоветиќ за Црна Гора против Ерменија (4:1)