Бранителот на титулата Шведска ремизира со Англија во премиерата на Европското првенство за фудбалери до 21 година во Полска. Мечот во Кјелце заврши без голови. Швеѓаните во 81 минута не успеаја да реализираат пенал. Непрецизен од белата точка беше Валквист. Во моментот се игра вториот меч од групата А меѓу домашната селекција и Словачка.

Македонија утревечер (20.45 ч.) ќе дебитира на континенталниот собир. Избраниците на Благоја Милевски во Гдиња ќе играат против Шпанија во рамки на групата Б. Претходно од 18 часот ќе играат и репрезентациите на Србија и Португалија.