Browsing: Германија

„Змајчеки“ во осминафиналето ја совладаа Украина со 79:55, „панцерите“ ја елиминираа Франција со 84:81. До крајот на денот во Истанбул уште две пресметки во топ 16 фаза. Финска и Италија ќе играат од 17,45 ч., а во вечерниот термин (20,30 ч.) Литванија против Грција

Актуелниот светски фудбалски првак ја декласира Норвешка со 6:0, „змајчеки“ на Среќко Катанец убедливи против Литванија со 4:0, Црногорците во Подгорица ја совладаа Романија со 1:0 во деветте синоќешни дуели во УЕФА зоната за пласман на СП 2018 во Русија

Полјаците наместо резултат за „бетонирање“ на лидерската позиција во групата Е доживеаја дебакл на „Паркен“ стадионот. Данците славеа триумф со 4:0 што можеше да биде изразен и со поубедлива разлика. Продолжува импресивната победничка серија на Германија и мундијалскиот сон на Црна Гора. Словенците поразени од Словачка во Трнава

Смената на лидерската позиција на јулското рангирање на Светската фудбалска асоцијација дојде како последица на крајниот исход на Куп на конфедерации во Русија. „Панцерите“ во финалето го совладаа Чиле со 1:0. „Црвено-жолтите“ скокна за две места, бодови донесе ремито (0:0) со Турција во пријателскиот меч во Скопје

„Панцерите“ во финалето во Санкт Петербург за еден гол беа подобри од Чиле (1:0). Стрелец на единствениот погодок на стадионот „Крестовски“ беше Ларс Штиндл во 20 минута по асистенција на Тимо Вернер за прва титула во натпреварувањето што се одржува од 1992 година колку што имаат и Аргентина, Мексико и Данска. Франција има два освоени пехара, најтрофеен е Бразил со четири. Бронзениот медал за Португалија која по продолженија, во меч за третото место, го порази Мексико со 2:1