Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕП во фудбал (У21): Шпанија и Германија за титулата

0
By Нова ТВ on June 28, 2017 СПОРТ
Фото: uefa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 28, 2017 01:07

Шпанија и Германија ќе играат за титулата на Европското првенство за фудбалери до 21 година во Полска. „Фуријата“ во полуфиналето ја совлада Италија со 3:1, а младите „панцери“ го добија пенал рулетот против Англија со 4:3.

Шпански херој на стадионот на Краковија во Краков беше Саул Нигез. Играчот на мадридски Атлетико постигна хет-трик во период од 21 минута во второто полувреме, „азурите“ во меѓувреме останаа без исклучениот Галјардини и беа немоќни да избегнат пораз на крајот.

Нигез го почна голгетерското шоу во 53 минута по додавање на Себалјос, во 65 минута го принуди Донарума на втора капитулација (асистент Делофеу), а печат на триумфот стави во 74 минута по пасот на Асенсио. Единствениот погодок за Италијанците беше дело на Бернардески во 62 минути.

Германците, пак, во првото полуфинале беа подобри пеналџии од нивните англиски врсници. По два гола реализираа двете селекции во основните 90 минути. Греј во 41 минута и Абрахам во 50. погодија за тимот на Ботројд, Селке во 35 минута и Плате во 70. за составот на Кунц.

Мрежите мируваа во двете продолженија што следуваа, па одлуката за прв финалист на турнирот падна по удари од белата точка. Низата ја завршија со еден промашен удар наспроти двата на Англија за голема радост на крајот.

Големото финале е закажано во петок во Краков со почеток во 20,45 ч.

ЕП 2017 за фудбалери до 21 година

Полуфинале

Шпанија – Италија 3:1

Англија – Германија 2:2 (3:4 на пенали)

Германија ЕП 2017 У21 финале фудбал Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.