Browsing: Град Скопје

Град Скопје испрати препорака до сите такси превозници да ги дезинфицираат такси возилата на дневна основа пред да се вклучат во сообраќај, а такси возачите да користат лична зашитита, маска и гумени ракавици

Да сум им јас претпоставен, ниту обвинителката ќе беше денеска обвинителка, ниту инспекторот ќе беше денеска инспектор“, рече Шилегов на прес-конференција по повод обелоденување на третманот со медицински отпад во погоните на „Еко клуб“

Пред 50-тина дена дојдовме до сериозен доказен материјал за злоупотреба во менаџирањето на отпадот на територија на градот, за што навремено беа известени надлежните институции, посочи скопскиот градоначалник, Петре Шилегов на денешната прес-конференција. Од приложениот материјал, додаде тој, се забележува дека наместо термичка обработка и стерилизација, се случувала несоодветна обработка на медицинскиот отпад што потоа завршувал на „Дрисла“ како обичен отпад

Увозот и садењето на палмите е страшен волунтаризам, ненаменско трошење јавни пари, потенцијална огромна штета по растителниот свет во земјава и се разбира, срам кој треба да остане како поука за во иднина. Сето ова го покажаа сознанијата до кои дојде НОВА

Единствен кој пројави интерес за објектот познат во јавноста како „споменикот на Ќосето“ е Општина Сопиште, која планира да го постави на кружниот тек кој ги поврзува Сопиште и Сончев Град.

На местото на постаментот кој ќе биде урнат бидејќи е дивоградба, ќе биде насадено дрво „за човекови права“ под кое ќе биде изгравиран Членот 10 од Општата повелба за човекови права на Обединетите нации

Зошто отстранувањето е извршено ноќе, на истиот начин како што претходната власт и ги поставуваше, од Град Скопје најавија дека на ова прашање ќе одговори градоначалникот на Скопје Петре Шилегов. Во меѓувреме кусо одговорија дека е за да не се загрози безбедноста во сообраќајот