Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мареј: Австралија опен можеби е последен мој турнир, болките не се трпат

0
By Нова ТВ on January 12, 2019 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, January 12, 2019 02:07

Тенискиот свет е во шок. Оваа година е последна во кариерата на Енди Мареј, Австралија опен можеби е последниот турнир на кој ќе настапи во животот. Ова лично го порача Британецот на прес-конференција во Мелбурн пред стартот на првиот гренслем во натпреварувачкиот календар на АТП.

„Можам да играм ограничено. Но, ограничувањата и болката не дозволуваат да уживам во тренинзите и во натрпреварите“, со жалење констатира поранешниот светски рекет број еден кој подолг период го измачуваат болки во колкот.

На емотивната средба со новинарите тој откри дека има желба да стави крај на кариерата на Вимблдон, но не е сигурен дали ќе издржи дотогаш, па затоа навести дека Австралија опен можеби е последниот турнир на кој ќе настапи.

„Долго се борам. Не се чувствувам добро. Веќе 20 месеци сум во силни болки. Ги презедов сите работи за рехабилитација меѓутоа ништо не помогна. Подобар сум од пред шест месеци, но болките и натаму се присутни и не се трпат“, рече Мареј.

Сопственикот на три гренслем трофеи вио кариерата откри дека му е предложена уште еден, многу покомплициран хируршки зафат од претходниот во јануари во 2018 година, но сè уште не решил дали ќе се подложи.

„Би сакал да ја завршам кариерата на Вимблдон, во Лондон, а сепак, не сум сигурен дали ќе успеам во тоа. Многу веројатно е дека Австралија опен ќе биде мојот последен турнир“, изјави во солзи Мареј, освојувач на две златни медали од Олимпијадите и тенисер кој мина 37 недели на првото место на АТП ранг листата.

Негов противник во првото коло на Австралија опен ќе биде Роберто Баутиста Агут кој во Мелбурн ќе настапи како 22 носител и кој во 2019 година веќе има вреден скалп и тоа не бил чиј туку на Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ: Шокиран сум, тажно е Австралија опен да биде негов последен турнир

Новак Ѓоковиќ изрази изненаденост од најавата на Мареј. Српскиот тенисер ги прави последните подготовки за настап во Мелбурн и затекнат е од состојбата во која се наоѓа неговиот колега и личен пријател.

„Искрено не знаев за намерата на Енди. Во шок сум. Иста генерација сме и тажно е да се гледа низ што минува во последните години. Го разбирам како се чувствува. И јас имав повреда на лактот, но неговата е потешка. Голем шампион е, мој пријател. Заедно пораснавме и одигравме толку многу мечеви ширум светот. Тажно е да се прифати дека Австралија опен можеби е неговиот последен турнир“, истакна Ѓоковиќ.

Србинот во првото коло на Австралија опен ќе игра против Американецот Мичел Кругер.

Дел Потро: Немој да престанеш, продолжи да се бориш

Порака со поддршка испрати и Хуан Мартин дел Потро, човекот кој се соочуваше со бројни повреди и здравствени проблеми низ годините. Но, Аргентинцот не дозволи да го скршат неприликите и му порача на Мареј да не престанува и да продолжи да се бори.

„Те молам да не престануваш да се обидуваш. Продолжи да се бориш. Можам да ја замислам твојата тага и болка и се надевам дека ќе успееш да го пребродиш ова. Заслужуваш да се повлечеш под твои услови кога и да се случи тоа. Те сакаме Енди и сакаме да те видиме среќен и добро да работиш“, му напиша Дел Потро на Мареј на Твитер.

Дел Потро поради повреда го откажа учеството на Австралија опен во текот на последниот месец во 2018 година.

Енди Мареј Кариера Мелбурн најава Новак Ѓоковиќ Пензија тенис Хуан Мартин дел Потро
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 16, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

ВЕСТИ July 16, 2026

Војската на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека доцна синоќа извршила нов бран напади врз…

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.