Browsing: инциденти

Медиумите пренесуваат дека пратениците од ДФ (Демократски Фронт) за да спречат носење на законот ги напаѓаа физички пратениците од владејачката коалиција, гаѓаа со шишиња, чаши, корнеа микрофони и се обидоа да фрлат солзавец во пленарната сала. Поголеми инциденти се спречени благодарение на брзата интервенција на обезбедувањето. Сите пратеници на ДФ се однесени во полиција, додека останатите пратеници продолжија со работа и законот беше усвоен околу 2:30 часот изутринава

Околу 200 симпатизери на екипата од Амстердам вооружени со палки и камења упаднаа во кафуле што важи како собиралиште на фанови на АЕК. Насоки каде е „непријателот“ веројатно добија од „колегите“ од Панатинаикос и од полска Краковија и по негово лоцирање тргнаа инцидентите. Во ситуацијата се вмеша и грчката полиција, но нејзината реакција беше задоцнета

Хаосот во Буенос Аирес не запира ниту денеска. Низ улиците во градот е како болно поле. Реванш финалето меѓу Ривер Плата и Бока јуниорс е презакажан за вечерва (21 ч.), но постои можност за ново пролонгирање на мечот. Властите во меѓувреме го затворија стадионот на Ривер Плата, а локалната полиција не е во состојба да гарантира безбедност иако за одржување на јавниот ред и мир синоќа беа ангажирани околу 2.000 полициски службеници

Најсериозниот напад се случил пред едно избирачко место во авганистанскиот главен град Кабул пришто загинале меѓу 13 и 19 лица. Меѓу жртвите на нападот, што го извршил бомбаш самоубиец, има цивили и полицијаци