Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Атина како Буенос Аирес: Навивачи на Ајакс и на АЕК се тепаа цела ноќ

0
By Нова ТВ on November 27, 2018 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 27, 2018 12:22

Атина ноќеска наликуваше на Буенос Аирес. Центарот на градот беше во хаос како последица на традиционалната нетрпеливост меѓу навивачите на Ајакс и на АЕК. Холандски хулигани допатуваа во грчката престолнина во текот на вчерашниот ден за мечот во Лигата на шампиони на УЕФА како официјлана причина. Позадината, сепак, е од поинаква природа и се однесува на „блиски средби“ со домашните фанови.

Околу 200 симпатизери на екипата од Амстердам вооружени со палки и камења упаднаа во кафуле што важи како собиралиште на фанови на АЕК. Насоки каде е „непријателот“ веројатно добија од „колегите“ од Панатинаикос и од полска Краковија и по негово лоцирање тргнаа инцидентите.

Во ситуацијата се вмеша и грчката полиција, но нејзината реакција беше задоцнета. Додека се броеја повредени и приведени од првиот бран насилства, Грците се прегрупираа и се организираа за контраудар. Во потерата по гостински навивачи тргнаа од другиот крај на градот и ги бараа низ цела Атина меѓутоа без успех поради веројатноста дека Холанѓаните во меѓувреме добија засолниште од навивачи на Панатинаикос. И тука не е крај на приказната за немири во главниот град на Грција од причина што попладнево (18.55 ч.) на стадионот „Спирос Луис“ во Атина се игра мечот меѓу АЕК и Ајакс во претпоследното коло во групата Е во ЛШ.

Лига на шампиони

Група Е: АЕК – Ајакс (18.55 ч.), Баерн М. – Бенфика (21 ч.)

Група Ф: Олимпик Л. – Манчестер С. (21 ч.), Хофенхајм – Шахтјор Доњецк (21 ч.)

Група Г: Рома – Реал Мадрид (21 ч.), ЦСКА Москва – Викторија Плзен (18.55 ч.)

Група Х: Манчестер Ј. – Јанг Бојс (21 ч.), Јувентус – Валенсија (21 ч.)

АЕК Ајакс Атина инциденти Лига на шампиони фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.