Browsing: Иран

Иранскиот претседател Хасан Рохани и министерот за надворешни работи, Џавад Зариф признаа дека иранската војска го соборила украинскиот патнички авион, но тврдат дека несреќата се случила поради „заканите, насилничкото однесување и авантуризмот на САД“. Во соопштението на иранската војска се наведува погрешна проценка дека авионот бил „непријателска мета“, бидејќи леталото го насочило движењето кон „чувствителниот воен центар“ на Револуционерната гарда

Екипажот на авионот кој вчераутро се урна во Иран воопшто не побарал помош од контролата на летање и се обидел да се врати на аеродромот во Техеран пред да се урне. Очевидци, пак, вклучително и екипаж на друг авион кој минувал во близина, велат дека од авионот се гледале пламени јазици. Падот предизвикал голема експлозија затоа што бил полн со гориво за долгиот лет до Киев. Во несреќата загинаа 176 патници и членови на екипажот

Работиме на програми на ресоцијализација и менаџирање на сите тие повратници, но акцијата на нашето МВР во 2018 докажа дека ситуацијата се следи, се реагира секој пат кога постои било каква опасност, вели министерката за одбрана

Ракетирањето на двете ирачки бази доаѓа по еден ден од размената на закани за одмазда меѓу САД и Иран. Воздухопловната база Аин ал Асад е најголема во провинцијата Анбар и според непотврдени информации во неа има околу 5.000 војници и голем број на авиони

Односите меѓу САД и Иран се доведени на праг на ескалација. Иранците разгледуваат 13 сценарија за одмазда, тврди секретарот на Врховниот совет за безбедност на Иран, Али Шамхани како одговор на пораката на американскиот претседател Доналд Трамп дека на мета се 52 локации во Иран

Тензиите на Блискиот Исток достигнуваат точка на вриење по американскиот воздушен напад во близина на аеродромот во Багдад во кој смртно настрада командант на иранската елитна единица „Кудс“

На стадионот „Азади“ во Техеран, каде репрезентацијата на Иран најчесто ги игра своите мечеви како домаќин, подготвени се одделни влезови, трибини и тоалети за жените. Исто така, ќе има дополнителен број на полицајци за жените да можат безбедно да влезат и да излезат од стадионот, додаде Солтанифар. Иранската репрезентација на 15 октомври ќе биде домаќин на Камбоџа во квалификациите за СП 2022