Browsing: Избори 2020

Печатот на германски јазик опширно се осврнува на тесниот исход на македонските парламентарни избори. Општа констатација е дека формирањето на новата влада ќе биде тешко

ДИК работеше во ефикасна и колегијална атмосфера. Позитивно се оценува транспарентноста на нејзината работа, имајќи предвид дека седниците беа јавни и беа пренесувани на интернет. Сепак, ДИК треба да продолжи да ги зајакнува техничките капацитети во оваа насока, со што на сите заинтересирани граѓани ќе им овозможи да ги следат седниците без никакви пречки“, рече Дарко Алексов, претседател на граѓанска асоцијација

Приговорите се потпишани од партијата „Демократи“, а барањето за увид од партијата „Единствена Македонија“. Рокот доставување на приговори изминува вечерва во 21 часот, а утревечер (19.30 ч.) и за сумирање и утврдување на резултатите од предвремените парламентарни избори

Факт е дека бевме мета на тежок хакерски напад. Ако целта беше да нè парализираат, апсолутно не успеаја во тоа, бидејќи за неполн час ние ги споделувавме информациите преку нашите платформи на социјалните мрежи и Јутјуб каналот. Но, не беше овозможено тоа да изгледа онака убаво и за око за целокупниот аудиториум“, изјави за Нова ТВ, Добри Јанчев, генерален секретар на Државната Изборна Комисија