Browsing: Јувентус

„Старата дама“ поведе со голот на Кристијано Роналдо во 65. минута, Мата израмни на 1:1 од слободен удар во 86. минута, „црвените ѓаволи“ до трите бода во 90. минута со автогол што му е заведен на Бонучи

„Старата дама“ ги заведе „црвените ѓаволи“ и ги совлада со 1:0 во мечот од третото коло во групата Х, Рома и Манчестер сити победија со 3:0 против ЦСКА Москва, односно, Шахтјор Доњецк, Реал М. неубедлив со Викторија Плзен (2:1), голеада во Германија – Хофенхајм и Олимпик Лион одиграа 3:3

Џенова го совлада Киево со 2:0, капитенот на македонската репрезентација погоди во 54. минута. Со идентичен резултат, „старата дама“ славеше над Болоња, наполитанците со 3:0 триумфираа над Парма, „волчицата“ подобра од Фросиноне со 4:0

Осумгодишниот син на португалската фудбалска звезда го одработи првиот тренинг со У9 тимот на „бјанконерите“ во Академијата во Торино во друштво има во Матео Барзалји, син на дефанзивецот на „старата дама“, Андреа Барзалји и во Давиде Маркизио, син на Клаудио Маркизио

„Росонерите“ се обврзаа на Јувентус да му исплатат 18 милиони евра, но презедоа и обврска да го откупат неговиот договор по завршување на сезоната 2018/19 за двојно поголема сума. Аргентинецот на „Сан Сиро“ ќе има годишна плата од седум и пол милиони евра колку што заработуваше и во Торино

„Старата дама“ во финалето на Купот на Италија ги декласира „росонерите“ со 4:0. Сите четири погодоци на „Олимпико“ паднаа во второто полувреме од кои два беа дело на Бенатија, еден на Коста, а последниот беше автогол на Калиниќ

Португалецот ја пресече „старата дама“ со „ножички“ во 64. минута, момент за кој беше награден со аплауз од трибините на „Јуве арена“, патем го постигна и првиот гол и асистира за третиот во блескавата партија на „кралевите“ кои славеа со 3:0 и уште од сега може да се прогласат за полуфиналисти во натпреварувањето

„Граѓаните“ го совладаа швајцарскиот состав на неговиот „Сент Јакоб Парк“ со убедливи 4:0 за формален реванш на „Етихад“, „старата дама“, пак, имаше 2:0, но „спарси“ успеаја да возвратат со идентична мерка и непоразени да го напуштат Торино

„„Старата дама“ го совлада Калјари на Сардинија со 1:0 во последниот меч од 20. коло, нејзиниот менаџер пак, го запиша 200. триумф во конкуренцијата и 100. на клупата на италијанскиот шампион, но мораше предвреме да ги менува повредените Паоло Дибала и Сами Кедира