Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбал, ЛШ: Сити „удри“ по Базел, Јуве го испушти Тотенхем

0
By Нова ТВ on February 14, 2018 СПОРТ
Фото: uefa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, February 14, 2018 00:08

Манчестер сити го совлада Базел со 4:0, а Јувентус и Тотенхем ремизираа 2:2 во првите осминафинални дуели во фудбалската Лига на шампиони на УЕФА. „Граѓаните“ во целост ја оправдаа фаворитската улога во однос на Швајцарците и уште по воведните 90 минути од двомечот може да се прогласат за четвртфиналисти во елитното натпреварување што не е случај со актерите во италијанско-англиската пресметка.

Тимот на Пеп Гвардиола со сета сила удри по Базел и тоа на неговиот „Сент Јакоб Парк“. Патот кон најдобрите осум го трасираа со три гола во првиот дел, за рутински да го одработи вториот и да осигура недостижна залиха за реваншот на „Етихад“. Серијата голови ја отвори и затвори Гундоган во 14 минута и во 53. на кого се надоврзаа Давид Силва во 18. и Серхио Агеро во 23.

Јувентус, пак, одлично започна со Тотенхем во Торино и по само девет минути имаше 2:0 што во тие моменти се гледаа како капитални за сигурна победа на калчолигашот. Амбиентот на „Јуве арена“ го зовре Гонзало Игуаин со фантастичниот погодок од свртување во втората минута и прецизно изведениот пенал во деветтата. Хари Кејн успеа да намали на 2:1 до паузата, но и аргентинскиот напаѓач на „старата дама“ да промаши од белата точка.

Казната за Јуве стигна во вториот дел. Кристијан Ериксен од слободен удар во 71 минута ги врати „спарси“ во егал што знаеја да го сочуваат до крај на натпреварот и драстично да ги оживеат надежите за топ 8 по шокантниот вовед по нив.

Лига на шампиони, осминафинале, први мечеви

Јувентус – Тотенхем 2:2

Базел – Манчестер сити 0:4

Среда (20,45 ч.)

Реал Мадрид – ПСЖ

Порто – Ливерпул

Јувентус Лига на шампиони Манчестер Сити Тотенхем фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 6, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

ВЕСТИ July 6, 2026

 Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изрази оптимизам за напредокот кон завршување на војната во…

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.