Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбал: „Ножичките“ на Роналдо ги засени Милан, Интер и Рома (Видео)

0
By Нова ТВ on April 4, 2018 СПОРТ
Фото: si.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 4, 2018 14:10

За попладнево е закажано „дерби дела мадонина“ како што популарно ги нарекуваат пресметките меѓу градските ривали Милан и Интер, вечерва, пак, Рома ѝ гостува на Барселона во првиот четвртфинален дуел во Лигата на шампиони (ЛШ), но италијанската и светската јавност се преокупирани со ремек делото на Кристијано Роналдо во фуриозната вечер на Реал против Јувентус во Торино. Португалецот ја пресече „старата дама“ со „ножички“ во 64. минута, момент за кој беше награден со аплауз од трибините на „Јуве арена“, патем го постигна и првиот гол и асистира за третиот во блескавата партија на „кралевите“ кои славеа со 3:0 и уште од сега може да се прогласат за полуфиналисти во натпреварувањето.

https://www.youtube.com/watch?v=CqGPOhMTsNM

Го призна тоа и Масимилијано Алегри кој пред мечот најави дека ќе стане од клупата на „бјанконерите“ по завршување на сезоната, а по дебаклот од мадриѓани истакна дека се насочува на италијанското првенство и куп.

Кристијано Роналдо, пак, истакна дека не очекувал аплауз од навивачите на Јувентус по реализацијата што сигурно ќе влезе во конкуренција за наградата „Ференц Пушкаш“ за најдобрата во една календарска година.

„Моментот беше неверојатен. Единствено што можам е да упатам благодарност во фановите на Јувентус. Нивната реакција беше навистина пријатна. Такво нешто никогаш не сум доживеал во кариерата што ме прави уште посреќен“, истакна Роналдо за официјалната интернет страница на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА).

Покрај најубавиот гол во историјата на ЛШ, Португалецот собори и рекорд во елитното натпреварување на УЕФА. Стана првиот фудбалер кој успеа да постигне барем по еден погодок во десет меча во низа со што го надмина Холанѓанецот Руд ван Нистелрој.

„Каков гол дадов? – Што да кажам? – Фантастичен. Не очекував дека ќе постигнам таков погодок, но она што, сепак, е најважно е дека победивме. Трипати ја тресевме мрежата на Јувентус, кој без оглед на резултатот е голем клуб, игравме одлично и задоволни сме“, додаде „седумката“ на „кралскиот клуб“.

Роналдо воедно е најдобар стрелец во Европа за оваа сезона со досегашните 39 гола.

Лига на шампиони

Четврт-финале, први мечеви

Јувентус – Реал Мадрид 0:3

Севилја – Баерн Минхен 1:2

Вечерва играат

Барселона – Рома (20,45 ч.)

Ливерпул – Манчестер сити (20,45 ч.)

Јувентус Кристијано Роналдо Лига на шампиони Реал Мадрид фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.