Ден затишје за „Рекет“: Милески „решен“, Боки 13 и Јанева утре пак во Кривичен

Судењето продолжува в петок против првообвинетиот Јовановски, кој се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ и второобвинетата Јанева за „примање награда за противзаконито влијание“ и за „злоупотреба на службена положба и овластување“. За разлика од нив, третобвинетиот Зоран Милески-Кичеец уште на почетокот на главната расправа призна вината и вчера доби казна затвор од три години за делото „примање награда за противзаконско влијание“

Со трите години за Кичеец, извесен станува затворот за Јовановски и Јанева

Сакале да признаат или не, или колку и да нудат контрааргументи против обвинителниот акт, сепак, денешната затворска пресуда за Милески ги става Јовановски и Јанева во незавидна ситуација

Откако призна вина во случајот „Рекет“: Милески денеска ја добива пресудата

Судењето против првообвинетиот Бојан Јовановски, кој се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, и за второобвинетата Катица Јанева за „примање награда за противзаконито влијание“ и за „злоупотреба на службена положба и овластување“ продолжува во петок

Случај „Рекет“: Јовановски, Милески и Јанева денеска на клупа во Кривичен

За денеска во Кривичниот суд во Скопје е закажано првото рочиште за предметот што беше отворен во јули оваа година. Првоосомничени во случајот се Бојан Јовановски и Зоран Милески-Кичеец за примање награда за противзаконско влијание и за перење пари, како третоосомничена е обвинителката Катица Јанева за злоупотреба на службената положба и овластување. Pроширената истрага што следуваше, а која се однесуваше за перење пари, измама и помагање во измама, опфатија уште четири лица - Фросина Ременски, Јасна Мандиќ, Миле Јовановски и Христина Блажевска. Истрагата ја води обвинителката Вилма Русковска, а согласно АКМИС електронскиот систем, предметот е распределен кај судечки совет со кој претседава судија Николовска - Масевска

Нов пресврт: Мандатите на обвинителите на СЈО неизвесни

Доколку Јовески ги прифати предметите од СЈО по писмото на Јанева, тој ќе треба да ги распореди на други обвинители кои ќе одлучат дали ќе ги продолжат истрагите. Во ваков случај Јовески ќе одлучува и за судските предмети кои досега ги застапуваа обвинители од СЈО, велат за НОВА доброупатени извори

Катица Јанева одлучува дали ќе ја изземе Фетаи од случајот „Титаник 3“

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева ќе одлучи дали обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски ќе бидат изземени од случајот „Титаник 3“,откако адвокатите на обвинетите побараа изземање...

Судските процеси за предметите на СЈО не можат да пропаднат без разлика на судбината на Јанева

Обвиненијата за кои се водат судски процеси, а се покренати од Специјалното јавно обвинителство нема да пропаднат, без разлика на судбината на Катица Јанева. Наталија Петровска...

Рустеми: Не почувствував сериозно влијание од Јанева што да кажам на распитот за „Рекет“

Мојот исказ во Обвинителството за организиран криминал ќе даде придонес во делот на настаните поврзани со Поштенска Банка – рече обвинителот на СЈО Бурим Рустеми кој...