Browsing: Клаудио Раниери

„Волчицата“ го совлада Емполи со 2:1 во последниот меч од 27 коло во Серија А. Во 80. минута беше исклучен Флоренци, во 88. минута, по прегледување на снимката, беше поништен израмнувачки гол на гостите поради игра со рака

Раководството на „волчицата“ реагираше експресно и веднаш по враќање на екипата од Португалија му врачи отказ на тренерот. Заклучокот е повеќе од јасен – исцрпени се сите кредити и римјаните немаат перспектива со членот на генерацијата која во 2001 година освои „Скудето“

Премиерлигашот од „Кревен Котиџ“ му врачи отказ на италијанскиот менаџер по низата лоши резултати во англиското првенство и купови. Разделбата меѓу двете страни доаѓа по само 106 дена. Екипата се наоѓа во зоната на испаѓање со големи шанси за враќање во Чемпионшип дивизија по завршување на сезоната

Италијанецот на кормилото на премиерлигашот од Лондон го наследува Славиша Јокановиќ кој доби отказ по слабите резултати во сезоната. По 12 одиграни кола, екипата е последна на табелата со само пет бода и биланс од една победа, два нерешени меча и дури девет порази

Италијанскиот менаџер, кој минатата недела доби отказ, донираше половина од отпремнината што е должна да му ја исплати управата на актуелниот англиски првак на клупскиот хуманитарен фонд „Фоксес Фондејшн“ за кој стојат навивачите на популарните „лисици“

Разделбата на англискиот првак со менаџерот со кој ја освои историската титула во Премиерлигата доаѓа на ден по активниот пораз од Севилја во осминафиналето во ЛШ. Медиумите ја оценија одлуката како „брутална“

Третолигашот Милвол го елиминира англискиот шампион по триумфот на домашен терен со 1:0, „граѓаните“ одиграа 0:0 на гости кај Хадерсфилд. И Гвардиола и Раниери изведоа комбинирани состави поради претстојните средби во ЛШ

Критиките од италијанскиот менаџер доаѓаат по последниот пораз на популарните „лисици“ на домашен терен од Евертон со 0:2. Англискиот првак по 18 кола е на 16 место на табелата и само три бода го делат од опасната зона