Browsing: конститутивна седница

Неговата ќерка Бесиана, како што и самиот напиша на Фејсбук, се породи и на свет го донесе малиот Фрашер што е причина за одложување на најавеното продолжение на конститутивната седница на Собранието за избор на претседател

И претседателот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најавуваат обиди за обезбедување на парламентарно мнозинство од 61 пратеник. Според Заев, сите опциии се отворени, порака што ја испрати и Мицкоски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, по денешната конститутивна седница на Собранието, истакна оти ќе се обиде да обезбеди парламентарно мнозинство што во иднина ќе поддржи, како што рече, една „вистинска реформска влада која на брза лента ќе ја однесе Македонија пред рамноправно членство во ЕУ“

Функцијата претседател на Собранието и припаѓа на партијата/коалицијата со обезбедено мнозинство за формирање на влада, процес кој формално почнува денеска. Собраниските седници дотогаш ќе ги води Џафери, а во негово отсуство пратениците Горан Мисовски и Флоријан Бесими

На свечената седница како гости се поканети претседателот Пендаровски, премиерот во заминување Оливер Спасовски, поранешни претседатели на државата и на Собранието, претседателите на Уставниот, на Врховниот суд и на Судски совет на Република Северна Македонија, јавниот обвинител и претседателот на Советот за јавни обвинители, Народниот правобранител, членови на Владата и гувернерката на Народна Банка на Република Северна Македонија. Седницата во својство на гости ќе ја проследат и лидери на политичките партии застапени во Собранието, началникот на Генералштабот на Армијата, претседателите на МАНУ и на Државната изборна комисија, државниот правобранител, претставници на верските заедници, како и шефови на странски дипломатски конзуларни мисии во Република Северна Македонија

Меѓу пратениците и неколку нови, но и познати лица на овие простори. Пратеник преку СНС за првпат стана виолинистот Јован Колунџија, до мандат преку СПС стигна и Јелица Сретеновиќ која луѓето ја паметат по улогата на Кока од популарната ТВ серија „Подобар живот“, како и Јошко Броз, внук на Јосип Броз Тито

На дневниот ред има четири точки – избор на претседател и членови на Верификационата комисија на Собранието; верификација на мандатите на пратениците; избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици во собраниската Комисија за прашања за изборите и именувањата и избор на претседател на Собранието. Талат Џафери денеска заминува од Клиника, и можно е утре тој да претседава со конститутивната седница на Собранието