Browsing: Копенхаген
Одобрено е барањето на македонскиот шампион да биде домаќин на данскиот на „Телеком арена“, но истото беше условено со промена на редоследот на мечевите поради европскиот Суперкуп. Па, наместо во гости, „црвено-црните“ во првиот меч ќе бидат домаќини во вторник (20 ч.), реваншот е во ист термин на 2 август на „Паркен“ стадионот. Истовремено клубот е предаден на дисциплинска по пет основи што како организациски пропусти беа нотирани во извештајот на делегатот во натпреварот со Малме
Данскиот претставник загуби пред своите гледачи од Жилина со 1:2, но благодарние на триумфот (3:1) во првиот меч во Словачка обезбеди опстанок во елитното натпреварување на УЕФА. „Црвено-црните“ ќе гостуваат на стадионот „Паркен“ на 25 јули, реваншот е на 1 август
Македонскиот фудбалски првак би играл со победникот од двомечот меѓу Жилина и Копенхаген доколку успее да го мине Малме. „Црвено-црните“ имаат одлични 1:1 од „Сведбанк арена“ во средата пред возвратниот дуел на стадионот „Младост“ во Струмица, Данците како гости го совладаа словачкиот претставник со 3:1