Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вардарци на мегдан со Копенхаген: Со било каква победа кон Данска

0
By Нова ТВ on July 25, 2017 СПОРТ
Фото: fkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 25, 2017 15:54

Офанзивно и напаѓачки наместо дефанзивно и со дигнат гард, да се постигне гол, да се забележи било каква победа за реваншот во Данска наредната седмица. Ова се желбите на Вардар пред вечерашниот прв дуел против Копенхаген во третото коло квалификации за УЕФА Лигата на шампиони. Мечот на „Телеком арена“ почнува во 20 часот. Правда ќе дели судиска тројка од Германија предводена од Даниел Зиберт кому ќе асистираат Јан Зидел и Ласе Кословски.

„За класа се подобри од Малме и, речиси, секоја година играат во групите во натпреварувањата на УЕФА и го имаат нашиот респект. Но, ние сме фокусирани и на нашата игра со цел да извлечеме добар резултат пред реваншот во Данска. А, тоа е можно ако нападнеме. Се надевам дека ќе успееме да победиме, па макар и со еден гол разлика за што треба да бидеме на ниво од второто полувреме во Струмица со Швеѓаните“, коментира Бобан Грнчаров, капитен на „црвено-црните“ и стрелец на еден од трите гола на стадионот „Младост“ во претходната рунда.

Вардаровиот стопер се осврна и на противничките играчи и на предизвикот што го очекува вечерва во Скопје.

„Копенхаген е добро анализиран овие денови. Неговите напаѓачи се високи што, на некој начин, е предност за нас дефанзивците. Верувам дека ќе успееме да се носиме во дуелите и на крај ќе стигнеме до посакуван резултат. Сакаме со било каква победа да патуваме во Данска. Ако ја оствариме, сметам дека ќе имаме големи шанси и за пласман во плеј-офот“, додава Грнчаров.

Копенхаген осигура пласман во третото коло за ЛШ низ двомеч со Жилина. Данците победија во Словачка со 3:1 и загубија на „Паркен“ со 2:1, па токму гостинскиот триумф на составот на Стале Солбакен е причина за предупредување на Гоце Седлоски до своите фудбалери.

„Од фудбалерите очекувам да го подигнат нивото од дуелите со Малме. Копенхаген има доста квалитетна екипа што секоја сезона е дел од групна фаза во Лига на шампиони или Лига Европа. Знаеме што нè чека, но верувам дека ќе дадеме максимум како што беше случај против Малме“, порача Седлоски без притоа да открие дали и овојпат му ветил на спонзорот Сергеј Самсоненко минување во наредната рунда.

Лига на шампиони/квалификации/3 коло/први мечеви

Денеска играат

Карабаг (Азербејџан) – Шериф Тираспол (Молдавија)

Славија Прага (Чешка) – БАТЕ Борисов (Белорусија)

АЕК (Грција) – ЦСКА Москва (Русија)

ФЦСБ (Романија) – Викторија Плзен (Чешка)

Вардар (Македонија) – Копенхаген (Данска)

Партизан (Србија) – Олимпијакос (Грција)

Бобан Грнчаров Вардар Гоце Седлоски квалификации Копенхаген Лига на шампиони фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 18, 2026

Брисел: Марко Маковец во името на ЕУ ќе го мири Балканот

ВЕСТИ July 18, 2026

Европската комисија го назначи словенечкиот дипломат Марко Маковец за главен советник за помирување и нормализација…

ЕК за Македонија: Мешање и притисок врз судството

July 17, 2026

УНЕСКО: Толку беше – Охрид во опасност

July 17, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

July 16, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.