Browsing: Коронавирус

Актуелните рестриктивни мерки што се применуваат во Македонија во борбата за спречување на ширењето на коронавирусот ќе траат најмалку до крајот на април, најави министерот за здравство, Венко Филипче во интервјуто за Нова ТВ

Според економистите – со почетокот на април започнува и војната на економијата против коронавирусот во анализата на portalb.mk. Сите се едногласни дека се потребни итни и применливи мерки за амортизирање на ударот. Јасно е дека во периодот што претстои граѓаните и компаниите ќе се соочат со нарушена ликвидност – неможност навреме да ги плаќаат кредитите, сметките за комуналии, ќе се намали јавната потрошувачка, а тоа ќе се рефлектира директно во економијата

Оној кој носи маска може да само ограничено да се заштити од пренос на инфекција со капки или со допир на заразена површина, на пример, доколку со рака допрете заразена површина, а потоа својата уста, нос или очи. Затоа што вирусот најчесто во организмот влегува преку устата, носот или очите, но најважната улога ја играат рацете

Клучната цел ни беше бројката на заразени да расте линеарно, а не експоненцијално и да не ни се случи сценарио од Италија каде здравствениот систем не можеше да ја издржи таа оптовареност. Се покажа дека рестриктивните мерки, социјалната дистанца, ограничувањето на движењата на двете групи помлади и повозрасни лица, едните да се движат допладне, а другите попладне, даваат резултати, рече министерот за здравство во вечерашното интервју на Нова ТВ