Browsing: кошарка

Ова е само една од одлуките од денешното генералното Собрание на регионалното кошаркарско натпреварување во Загреб на кое беа изгласани серија одлуки во насока за засилување на квалитетот на проектот и уште поголем негов прогрес во иднина. Се воведуваат три новини за сезоната 2017/18 – организација на Суперкуп во Бар, организација на турнири за кошаркари до 19 години и се воведува Втора лига со 12 екипи, по две Македонија, Србија, Црна Гора, БиХ, Хрватска и Словенија

Tимот од Истанбул го порази Олимпијакос со 80:64 (по четвртини: 26:18, 13:16, 21:14, 20:16) во финалето на Фајналфор турнирот и стана прв турски претставник што успеал до тронот по ланскиот пораз од ЦСКА Москва по продолженија. Македонскиот интернационалец вгради четири коша во победата на „жолто-сините“

Мечот во „Веризон центар“ изобилуваше со некошаркарски моменти, актерство, провокации и технички грешки и убедлива победа на домашните со 116:89 за намалување на 1:2 во полуфиналната серија на Истокот. Голден Стејт ја совлада Јута со 115:104 и поведе со 2:0 на Западот

По двете победи во Атина, тимот од Истанбул го совлада Панатинаикос со 79:61 и со максимални 3:0 ја доби четврт-финалната серија. Со ист резултат до завршниот турнир се пробија и московјани кои вечерва во Виторија ја поразија Басконија со 90:88

Тимот од Истанбул по вторпат го порази Панатинаикос во Атина (80:75) за водство со 2:0 во четвртфиналната серија. Македонскиот интерационалец за деветте минути на терен имаше ефект од три поени и два скока. Со две победи и московјани ќе патуваат на мегдан на Басконија во Шпанија