Browsing: Ковид-19

Oд Министерството за здравство посочуваат дека во изминатото деноноќие се направени 1.653 тестирања со позитивен наод кај 75 лица во Скопје, 14 во Струга, 10 во Охрид, по девет во Куманово и во Тетово, осум во Штип, седум во Гостивар, по шест во Дебар, во Прилеп и во Свети Николе, четири во Кочани, по три во Велес, во Кавадарци, во Кичево и во Ресен, две во Гевгелија и по едно лице во Струмица, во Крушево, во Пробиштип, во Берово и во Валандово. 

Речиси седум од 10 испитаници велат дека веројатно ќе гласаат. Четириесет и еден процент од сите испитаници изразуваат загриженост во врска со демократските стандарди на изборите, а 46 проценти изразуваат загриженост во врска со здравствените мерки за заштита, но за голем дел од нив оваа загриженост е намалена поради најавените протоколи на Министерството за здравство

Оние што планираат да патуваат, се обврзани да бидат на аеродромите на три часа до летот, забрането е влегување во аеродромската зграда на роднини на патниците, а ограничено ќе биде и користењето на чекалницните. Авио-компаниите нема да воведат рестрикции на летовите, како што се споменуваше претходно за средното седиште во авионот да биде празно

Во Велика Британија, во моментот, се спроведуваат две испитувања врз луѓе за пронаоѓање на вакцина против Ковид-19. Едното е на Универзитетот во Оксфорд, а второто на „Империјал колеџ“ во Лондон, а заеднички за двата тима е надежта дека ќе имаат резултати до крајот на годината, како и договори за нивно производство. Но, постојат и други испитувања ширум светот во обид за изнаоѓање на ефикасен лек за заштита на луѓето од коронавирусот

Ова е билансот на коронавирус во земјата за последните 24 часа во кои се направени 868 тестирања што, според Министерството за здравство, дале позитивни резултати кај 57 лица во Скопје, 19 во Тетово, 13 во Штип, 10 во Куманово, седум во Прилеп, шест во Гостивар, пет во Охрид, четири во Велес, три во Струга, по две во Пробиштип и во Свети Николе и по едно лице во Дебар, во Битола, во Кавадарци и во Ресен

Влошената ситуација, велат оттаму, за само неколку месеци драстично го намалила бројот на скептиците кои на почетокот на кризата веруваа дека заканата од вирусот е претерана, од 73 отсто во март на 44 отсто во јуни, оставајќи ја јавноста поларизирана околу идејата дека до крајот на годината животот во земјата би се вратил полека во нормала (46 отсто)

Според членот на ДИК, Борис Кондарко, членовите на Посебните Избирачки Одбори (ПИО) ќе бидат опремени со лична заштитна опрема која се состои од: мантил за еднократна употреба, ракавици за еднократна употреба, стандардна заштитна маска и средство за дезинфекција. Членовите на ПИО, според утврдените задолжителни препораки, заштитната опрема ја менуваат по завршување на гласањето во домот на секој гласач