Browsing: Лига Европа

Ванче Шиков, Леон Најдовски и Стојанче Велинов се враќаат во комбинација кај дебармаалци. Реваншот со ривалот од Сан Марино во квалификациите за Лига Европа е утре попладне (17,30 ч.) на тренинг комплексот „Петар Милошевски“ при Фудбалската федерација на Македонија. Работнички има 1:0 од првата средба

Фудбалерите на Прогрес Нидеркорн ги понижија „ренџерси“ и со триумфот од 2:0 на домашен терен го анулираа минималниот пораз на „Иброкс парк“ за сензационален пласман во второто квалификациско коло

Дуелот на „Миејски“ во Познањ во четвртокот го следеа околу 19.000 гледачи кои на крајот задоволни го напуштија стадионот. Најголема посета во 49. меча беше забележана во Глазгов каде „ренџерси“ го дочекаа Нидеркорн од Луксембург пред 48,681 гледач

Фаворизираниот полски состав го совлада македонскиот Куп освојувач со 4:0 и уште од сега може да размислува за наредниот двомеч во натпреварувањето и покрај реваншот на 6 јули на стадионот „Младост“ во Струмица

Македонскиот вицешампион го совлада молдавскиот со 3:0 во првиот меч од првото квалификациско коло за мирен реванш на 6 јули во Кишињев. Стрелци за тетовци на стадионот „Младост“ во Струмица беа Бесарт Ибраими во седмата минута од пенал, Марјан Радески во 11. зголеми на 2:0, а истиот фудбалер во 75. го постави конечниот резултат

Први на терен ќе излезат тетовските „црвено-црни“ кои од 18 часот на стадионот „Младост“ во Струмица ќе бидат домаќини на молдавска Дачија. Од 20,30 часот во Сан Марино, дебармаалци ќе гостуваат на тимот на Тре Пене, а битолчани од 20,45 часот ќе се пресметаат со полски Лех во Познањ

Португалецот најави дека ќе се повлече од фудбалот на одреден период и ќе замине на одмор. Листата со желби за засилувања ја изготвил пред два месеца и ја предал во клубот. Наредната сезона Јунајтед ќе атакува на титула во Премиелигата и во Лигата на шампиони

„Црвените ѓаволи“ во финалето во Стокхолм го совладаа Ајакс со 2:0 и обезбеди место во Лигата на шампиони за наредната сезона. Стрелци за премиерлигашот вечерва на „Френдс арена“ беа Погба во 18 минута и Хенрик Мкитарјан во 48