Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Силно веруваме во резултат за мирен реванш во Кишињев

0
By Нова ТВ on June 28, 2017 СПОРТ
Фото: kfshkendija.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 28, 2017 20:17

Реприза на успешните лански настапи во квалификаците за Лига Европа се желба на Шкендија и ова лето. Со, секако, едно дополнување за финалниот исчекор за место во групната фаза. „Црвено-црните“ во 2016 година ги нанижаа полска Краковија (2:0 и 2:1), Нефчи од Азербејџан (1:0 и 0:0) и чешка Млада Болеслав (2:0 и 0:1) пред да бидат елиминирани од белгискиот претставник Гент (0:4 и 1:2). Овојпат почнуваат против Дачија. Првиот меч е утре попладне (18 ч.) на стадионот „Младост“ во Струмица, реваншот е на 6 јули во Кишињев, Молдавија. Победникот во двомечот во наредната рунда ќе игра со подобриот од велшко-финската пресметка меѓу Конах и Хелсинки.

„Подготвени сме за предизвиците што нè очекуваат. Велам предизвици бидејќи верувам дека ќе останеме долго во Европа. Силно веруваме дека има сила во нас за резултат во првата средба што ќе значи и помирен реванш во Молдавија. Противникот е анализиран и може да кажам дека воопшто не е наивен. Имаме респект за екипата на Дачија, но и верба во нас дека можеме преку неа. Секако дека претставува хендикеп што не играме во Тетово меѓутоа и овде во Струмица очекувам полни трибини и поддршка од сите искрени вљубеници во фудбалската игра и, се разбира, нашите навивачи“, истакна Ќатип Османи, тренер на Шкендија.

Тетовци и оваа година во Австрија ја реализира главната фаза на подготовки пред настапите во Лига Европа. Македонскиот вицешампион паралелно со тренинзите одигра и три контролни меча против австрискиот нисколигаш Бад Радкерсбург, против хрватскиот прволигаш Интер Запрешиќ и против словенечки Марибор. Победник немаше во ниту еден, а сите завршија со идентичен резултат – 1:1.

Билетите за утрешниот натпревар во Струмица се веќе пуштени во продажба по цена од 200 денари. Правда ќе делат судии од Полска. За главен арбитар е делегиран Криштоф Јакублик, негови асистенти ќе бидат Марсин Борковски и Томаш Ниемировски.

квалификации Лига Европа Ќатип Османи фудбал Шкендија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.